Шпанскиот фудбалски интеранционалец Алваро Мората не планира да продолжи да игра за италјанскиот калчолигаш Јувентус во вториот дел од сезоната во Серија А. Според италијанските медиуми, тој веќе ги договорил сите лични услови со Барселона и сега се чека само двата клуба да се договорат за обештетувањето. Мората е играч на Атлетико Мадрид и како одстапен игра за „старата дама“. Наводно Барселона е подготвена да плати 35 милиони евра за да го добие шпанскиот голгетер.
Доколку овој трансфер се реализира, Мората ќе има неверојатно фудбалско „Си-Ви“, бидејќи претходно играше и за тимови како Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Челзи.



