Момче загина во експлозија на петарда во Виена

Млад човек го загуби животот при експлозија на петарда на новогодишната ноќ југозападно од Виена, јавуваат австриските медиуми.
Според агенцијата АП, повредени се и три лица.

Несреќа со пиротехнички средства се случила и во Германија, кога 37-годишен маж е повреден, додека друг во тешка состојба е пренесен во болница.

Седум лица се повредени од пиротехнички средства на новогодишната ноќ и во Приштина, додека, едно лице е повредено од засктан куршум во раката. Во Србија, па, момче на возраст од 26 години од Кањижа го загубил окото додека палел огномет.

Треба да знаете
Последни објави