Паднал од мотор па тешко се повредил

На 31.12.2021 во 21.00 часот било пријавено дека во с.Бардовци, скопско, мотоцикл „хонда”, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(48) од с.Бардовци, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна здравствена установа во Скопје. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави