Алиоски со гол и асистенција ја отвори годинава

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски на перфектен начин ја започна новата 2022 година, со гол и асистенција за неговиот тим Ал-Ахли во Саудиска Арабија.

Ал-Ахли на домашен терен загуби од второпласираниот во моментов Ал-Шабаб (2-4), а македонскиот фудбалер во првото полувреме во врати тимот од бездната. Губеше Ал-Ахли со 0-2, кога во 39. минута Алиоски асистираше за 1-2 од корнер, а потоа во 44. минута погоди од пенал за 2-2.

Ал-Ахли се наоѓа во лоша позиција во шампионатот на Саудиска Арабија затоа што се наоѓа на дванаесеттото место од вкупно шеснаесет екипи.

Треба да знаете
Последни објави