Бугарските ветеринарни власти денеска почнаа да уништуваат повеќе од 39.000 кокошки во селото Криво Поље, на југот од земјата, откако на две тамошни индустриски фарми беше потврдена појава на птичји грип, изјави Минко Ангелов, гувернер на Хасково.
Ангелов рече дека две живинарски фарми се погодени од високопатогениот вирус на птичји грип тип А, пренесува Ројтерс.
Ова е втора епидемија во селото Криво Поље од април кога беа убиени повеќе од 40.000 кокошки.
Во последните недели тешките форми на птичји грип, кој е фатален за живината, се проширија во Европа и Азија.
Птичјиот грип не може да се пренесе преку храна, но има некои случаи на инфекција кај луѓето кои предизвикаа загриженост кај епидемиолозите, додава Ројтерс.