Благодарение на брзата реакција на Владата предводена од СДСМ и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија спречено е драстично зголемување на цената на струјата и спречен е ценовен шок за граѓаните.
Евтината ноќна тарифа на струјата како и евтината тарифа во недела ќе се задржат, а дополнителни рекстрикции ќе нема.
Дополнително, Владата обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на потрошувачите на енергија од ранливата категорија за оваа година.
Овие факти го демантираат Христијан Мицкоски кој ја лажеше и плашеше јавноста цената на струјата ќе биде повисока меѓу 30 и 40 отсто.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат намера да бидат конструктивна опозиција во време на криза, наместо да се грижат за граѓаните, ја користат секоја можна прилика да заработуваат евтини политички поени.
За разлика од нив, СДСМ како партија која се грижи за доброто на граѓаните и државата, продолжува со реализација на мерки кои ги ублажуваат последиците предизвикани од енергетската криза.