Победа за Барселона на гостувањето во Мајорка

Барселона, речиси без ниту еден првотимец, запиша важна победа на гостувањето кај Мајорка со 1-0, која им помогна да се искачат до петтата позиција во шпанската Ла Лига, па сега само еден бод ги дели од топ-4.

Каталонскиот тим од старт агресивно го почна мечот со отворени атаци за водство, па откако Де Јонг најпрво со ножички ја погоди рамката од голот на Мајорка, потоа истиот фудбалер во 44. минута погоди за 0-1.

Каталонскиот гигант има 31 бод на петтото место на табелата, додека пред него се Атлетико Мадрид со 32, Бетис има 33, Севилја е втора со 38, додека Реал Мадрид е лидер со 46 бода.

Треба да знаете
Последни објави