ВЕЧЕР на новиот мост: „Михајло Апостолски“ ги спои Аеродром и Ќерамидница, засега само пеш!

Привршуваат градежните работи на новиот мост „Михајло Апостолски“ во Аеродром. Вечер направи ексклузивни фотографии од новиот мост кој е речиси готов и по него веќе поминуваат пешаци.

Додека пак, од страната на Аеродром, булеварот „АСНОМ“ на потегот од хотелот „Русија“ и до мостот е речиси асфалтиран, остануваат уште десетина метри до спојот со улицата „Васко Карангелески“.

Но, останува непознаница кога ќе биде пуштен во употреба, односно кога ќе може да се вози по него, бидејќи од страната на Ќерамидница допрва треба да се пробие булеварот АСНОМ, а за да се случи тоа, ќе треба да се урнат околу 150 објекти. Првите куќи се на само дваесетина метри од завршетокот на мостот.

Треба да знаете
Последни објави