Голем пожар избувна утрово во зградата на парламентот во Кејптаун, Јужна Африка.
На видеото, како што јави Би-Би-Си, се гледа како облак од црн чад го исполнува небото, а од покривот на зградата излегува голем пламен.
Оттогаш пожарот е локализиран.
Woke up to the view of a huge fire at Cape Town parliament that’s been going on for the past few hours. pic.twitter.com/ITz1XenSJ3
— Jasmin Bauomy (@jasminbauomy) January 2, 2022
Во пожарот нема повредени, изјави портпаролот на противпожарната служба на Кејптаун, Џермејн Карелси, пренесе АП. Тој додаде дека во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 35 пожарникари. Причината за пожарот се уште не е утврдена.
Пожарот избувнал на третиот кат од зградата, а првите извештаи покажуваат дека избувнал во канцеларискиот простор, изјави член на градската управа на Кејп Таун, Жан-Пјер Смит, пренесе „Ројтерс“. Според Би-Би-Си, пожарот избувнал неколку часа по погребот на надбискупот Дезмонд Туту во катедралата Свети Џорџ, во близина на парламентот, кој се одржа во саботата.
A fire which started at Parliament in Cape Town just after 6am this morning is still blazing and has now reached the foyer/atrium of the National Assembly building. Video: Armand Hough/African News Agency pic.twitter.com/DfiPBdsrBb
— Cape Times (@CapeTimesSA) January 2, 2022