Во идеалниот состав од екс-Jу нема место за Македонците: Елмас и Ристовски на „клупата“

Српскиот весник „Информер“ направи идеален тим составен од актуелни фудбалери од поранешните југословенски републики. Во изборот гласаа шест легенди од овие простори меѓу кои и Дарко Панчев.

Покрај македонската легенда гласаа и Предраг Мијатовиќ, Мехмед Баждаревиќ, Владимир Југовиќ, Томислав Ивковиќ и Златко Заховиќ. Според изборот на овие поранешни великани на фудбалската игра, идеалниот состав изгледа вака:

Јан Облак (6 гласа), Шиме Врсаљко (3 гласа), Стефан Савиќ (4), Никола Миленковиќ (3), Јошко Гвардиол (4), Лука Модриќ (6), Марцело Брозовиќ (5), Душан Тадиќ (5), Иван Перишиќ (3), Александар Митровиќ (4) и Един Џеко (4).

Облак и Модриќ се единствените фудбалери кои добија гласови од сите шест легенди. Од македонските фудбалери во изборот се најдоа само Елиф Елмас, кој доби глас од Дарко Панчев и Стефан Ристовски, кој доби глас од Владимир Југовиќ.

Нашите репрезентативци се најдоа во резервниот состав, заедно со Самир Хандановиќ, Мирослав Стевановиќ, Страхиља Павловиќ, Дејан Ловрен, Дарко Лазовиќ, Филип Костиќ, Елиф Елмас, Немања Матиќ, Матео Ковачиќ, Јосип Иличиќ и Душан Влаховиќ.

Шесте легенди, со четири гласови, за селектор на овој идеален тим го избраа актуелниот селектор на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси.

Треба да знаете
Последни објави