Инспекторите веќе фатија работодавач кој не ги пријавил вработените кои ги ангажирал денеска во недела

Инспектори за труд денеска веќе фатија работодавач кој не ги пријавил вработените кои ги ангажирал денеска во недела, ден кој и законски е неработен, објави Сител, чија екипа беше на терен со инспекторите.

Пред камери влегоа во објектот и сега затоа што е прв ден изрекоа само опомена, не и казна. Сепак ова правно лице веќе е влезено во евиденција – станува збор за угостителски објект. Ако повторно биде откриен да работи во недела ќе плати и казни и објектот ќе биде затворен.

Од Инспекторатот за Сител изјавија дека постапуваат по пријава, но денеска по случаен избор. Обејктите кои ќе работат во недела, работодавачите најдоцна до сабота треба да поднесе листа со вработени кои ќе работат. Согласно законот, тиа имаат право на дневница повисока за 50 отсто.

Казните за прекршителите се затворање на објектот 15 дена, а ако по втор пат го повтори делото, ќе се соочи со забрана за работа од 30 дена. Плаќаат и парична казна.

Треба да знаете
Последни објави