Торински Јувентус официјално објави дека искусниот 37-годишен Џорџо Киелини имал позитивен тест на коронавирус, па завршил во домашна изолација.
Голем број позитивни фудбалери во тимот на Јувентус продолжија, а пред Киелини, Артур и Карло Пинсољо имаа позитивен тест на Ковид-19.
Пред точно еден месец, Киелини ја прими третата, „бустер“ доза од вакцината и беше еден од најгласните играчи во италијанската Серија А кога е во прашање промоцијата на вакцинацијата во Италија.
Јувентус моментално е петти на табелата во Серија А, по што следат два многу тешки натпревари. Најпрвин натпреварот на домашен терен против Наполи на 6 јануари и потоа гостувањето на „Олимпико“ против Рома на 9 јануари.
На 12 јануари Јувентус и Интер играат натпревар од Суперкупот на Италија.