Ромелу Лукаку изминативе денови е топ тема во фудбалскиот свет во Англија, но и Европа.
Белгискиот напаѓач пред неколку дена даде контроверзна изјава каде што кажа дека не му се допаѓа системот кој го користи тренерот Томас Тухел, но и целокупната ситуација во Челзи па така бара враќање назад во Интер.
Нормално, сето тоа не му се допадна на Тухел кој изјави дека ќе зборува со Лукаку за да ги решат проблемите. Но, шпекулациите од Островото велат дека Тухел нема лесно да му го опрости ова на Белгијанецот и дека под казна, ќе седи на клупата на наредните натпревари.
Првиот од нив е денеска и е големото дерби против Ливерпул, а Англичаните најавуваат дека Белгијанецот ќе ги гледа своите соиграчи од клупата за резерви.
Останува да се види како ќе се разреши оваа ситуација и дали Лукаку експресно ќе си замине од Челзи откако летово пристигна токму од Интер во трансфер вреден околу 115 милиони евра.