Анхел Кореа со два гола му донесе победа на Атлетико Мадрид против Рајо Валјекано од 2-0. Со ова, Атлетико ја прекина црната серија од четири порази по ред, најдолга нивна губитничка низа со тренерот Диего Симеоне на клупата.
Столе Димитриевски не беше на голот на Рајо, туку на клупата за резерви. Бранеше Лука Зидан, кој не успеа да ја зачува својата мрежа, па засега Атлетико изби пред Рајо на табелата.
Атлетико на свој терен има серија од осум лигашки победи по ред против Рајо. Актуелниот шпански првак е единствен тим во Ла Лига сезонава за кој сите голови ги постигнале странци. Последен шпански стрелец за Атлетико беше Љоренте во мај.
За гостите ова беше само втор пораз на последните осум натпревари.
Така сега Атлетико е на 4.место на табалета со 32 бодови, два повеќе од Рајо.