Поранешната специјална јавна обвинителкаКатица Јанева празниците ги минува дома со своето семејство, објави „А1он“.
Адвокатката Ирена Фрчковска, како што пишува порталот, изјавила дека Јанева, користи привилегии поради тоа што одлежала 1/3 од казната затвор за случајот „Рекет“ во кој беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување.
Во „Рекет“ осудени беа иБојан Јовановски-Боки13 на казна затвор од девет години и Зоран Милевски-Кичеец на казна затвор од три години.