Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, а сега градоначалник на Киев, Виталиј Кличко стана член на украинската војска, посочувајќи дека Украина е во војна веќе осум години.
Кличко, кој беше шампион во три децении пред повлекувањето од спортот во 2012, почнал да учествува во Територијаната одбрана во Киев, каде што е градоначалник од 2014 година, а претходно беше шампион на Воените светски игри.
„Многумина од нас веќе имаат отслужено војска и тие вештини мора да ги вратиме. Тоа е многу важно за сите официјални лица во Украина, бидејќи нашата земја е во војна осум години. Војската е слична со спортот – ти треба самодисциплина, посветеност, упорност и фокусираност без разлика што правите“, вели Кличко во интервју за „Дејли телеграф“.
Тој побара западот да изврши притисок на Владимир Путин и Русија.
„Украина го избра европскиот пат и сака да се постави како рамноправен член на европското семејство – историски, географски и ментално. Потребна ни е помош“, вели Кличко.
https://www.instagram.com/p/CU_9Mq8AXP1/?utm_source=ig_web_copy_link