Челзи со пресврт до бод против Ливерпул

Челси и Ливерпул одиграа одличен натпревар во Лондон, а резултатот на крајот беше 2-2, но мечот го одбележа спектакуларниот гол на Матео Ковачиќ во завршницата на првото полувреме.

Ливерпул играше на „Стемфорд бриџ“ во отсуство на Клоп, Алисон, Матип и Фирмино, но и покрај тоа имаше водство од 2-0 благодарение на Мане и Салах.

Садио Мане и Мохамед Салах постигнаа по еден гол за Ливерпул на дербито против Челзи што е исклучително возбудливо и заврши со резултат 2:2 по првото полувреме и израмнија еден рекорд на две големи легенди, Сер Боби Чарлтон и Џорџ Бест.

Мане погоди во деветтата минута, иако претходно по само 14 секунди игра од стартот на дербито куртули од црвен картон, а потоа прецизен беше и Салах во 26. минута што им е 29 меч во дресот на Ливерпул на кој и двајцата постигнуваат голови заедно. Рекордот досега со 29 натпревари на кои заедно биле стрелци за Манчестер јунајтед во периодот од 1964 до 1972 година го држеа Боби Чарлтон и Џорџ Бест, еден од најдобрите тандеми на сите времиња.

 

Меѓутоа Челси одигра одлични последни минути од првото полувреме во кое Ковачиќ постигна гол за 1-2, а набрзо Пулишиќ стрелаше за 2-2.

Менди во продолжение имаше две одлични интервенции и ги запре Салах и Мане, додека Келер му одбрани одличен удар на Пулишиќ.

Челси во моментов има 43 бода на втора позиција, а Ливерпул има 42 бода и натпревар помалку, додека Манчестер сити со 53 е лидер.

 

Треба да знаете
Последни објави