На социјалните мрежи се појавија видеа од Матеј Периш, младиот Хрват кој исчезна на новогодишната ноќ во Белград. На видеата се гледа како тој трча по улиците, запира такси, а потоа и како плива во Сава.
Редакцијата Ало пренесе ексклузивни снимки од улиците и шеталиште, на кои се гледа младо момче кое по описот одговара на исчезнатиот Периш, како трча по шеталиштето во правец од Бетон халата накај Савската променада, а потоа и по околните улици. Во еден момент пробува да застане такси, но возачот не го прима во возилото.
На последното видео се гледа лице кое плива во Сава покрај Бетон халата.
Снимките може да ги погледнете ОВДЕ.