Најдобриот ракометар на Србија, Петар Ненадиќ нема да може да им помогне на своите соиграчи на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Средниот бек на Веспрем се уште не е опоравен од повредата, па затоа селекторот на нашиот северен сосед нема да може да смета на него на континенталниот шампионат.
Покрај Ненадиќ, Херона на шампионатот нема да може да смета ниту на голманот Радовановиќ, како и бекот Радовиќ и пикерот Басариќ, а дополнително во тимот е повикан Немања Зеленовиќ.
Србија ќе игра во групата Ц во Сегедин заедно со Франција, Хрватска и Украина.