Таткото на исчезнатиот спитќанец Матеја, Ненад Периш за „Слободна Далмација“ потврди дека на новообјавените снимки во српските медиуми, навистина е неговиот син, што кај него буди надеж дека момчето е се’ уште живо.
-Можам да потврдам дека на објавените снимки навистина е мојот син и тоа на оние во градот каде трча и бара такси како и на оние каде плива во вода. Јас само знам дека во клубот ништо погибелно не се случило по него, но се уште не може да се реконструира што се случило и каков е контекстот кој би го објаснил снименото, рече Периш постариот.
Тој се наоѓа во Белград во очекување на позитивни вести за неговиот син и нагласи дека верува дека Матеј е жив.
-Кога доаѓав во Белград имав лошо чувство дека сето ова нема добро да се заврши, но како што одминува времето, моите надежи се се поголеми. Не се огромни, поминаа четири дена, но се добри. Ме прашуваат зошто полицијата не ангажирала нуркачи? Сава е длабока четири – пет метри и не е тоа море па да може просторот да се огради, а и немаше информација од бродовите дека би било потребно да се ангажираат нуркачи. Пофалете ги сите луѓе на гостопримството и срдечноста овде во Белград како и полицијата која сериозно си ја работи својата работа, рече Периш.
Тој изјавата ја даде откако медиумите во Србија објавија три нови снимки како момчето влегува во ноќен клуб, потоа како истрчува на улица и бара такси и како се наоѓа на брегот на Сава и влегува во реката.
Матеј Периш е поранешен ватерполист и одличен пливач, рече неговиот татко и поради тоа верува дека ако влегол во Сава би останал жив.