Бранко Грегановиќ е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици. Назначувањето на БранкоГрегановиќ на новата функција доаѓа по одлуката за негово именување донесена од Надзорниот одбор на Банкатаи издавањето на согласностаод Народната банка на РСМ.
Бранко Грегановиќ има повеќе од 30 години искуство во банкарскиот икорпоративниот секторна словенечкиот, австрискиот и српскиот пазар, но и богато искуство во јавниот сектор, извршувајќи одговорни позиции во словенечкото Министерство за финансии и централната банка.
На позицијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ доаѓа од НЛБ Банка Белград, каде во изминатите седум години ја извршуваше функцијатапретседател на Извршниот одбор. Под негово раководство, НЛБ Банка Белград, од банка со непрофитабилни операции,прерасна во профитабилна финансиска институција со здраво кредитно портфолио и со забрзан раст на годишно ниво од 15% до 20%. Ваквите резултати ѝ ја вратија цврстата позицијата на НЛБ Групацијата на српскиот пазар и во декември 2020 година ѝ го отворија патот за аквизиција на една од водечките српски банки – Комерцијална банка Белград.
„НЛБ Банка Скопје располага со одличната екипа и голем потенцијал за зајакнување на својата пазарна позиција.Тоа ми дава мотив и енергија, заедно со вработените во Банката, да продолжиме да вложуваме во нејзиниот натамошен развој, фокусирајќи сѐна проширување на понудата со иновативни производи и услуги, на квалитетот и натамошното градење на довербата со клиентите и секако во придонесот што го има Банката за просперитетот на пошироката општествена заедница“,вели меѓу другото Бранко Грегановиќ, во својата прва изјава по стапувањето на функцијата.
Бранко Грегановиќ има универзитетска диплома по економија и две одбранети магистерски тези, една од областа на економијатана Економскиот Факултет во Љубљана, Словенија и друга од областа на менаџментот одLondon Business School во Лондон, Bелика Британија.