Гризман првпат по 15 години ќе игра за клуб надвор од Шпанија?

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман минатото лето се врати во Атлетико Мадрид, откако имаше неуспешна авантура во Барселона, но веќе се размислува за следен чекор и заминување од шпанската Ла Лига.

Гризман е голема желба на тренерот на Тотнем, Антонио Конте кој веќе прави трансфер-листа со можни засилувања кои сака да ги купи во јануари.

Тотнем има услови за да го купи Гризман, чија цена е повеќе од двојно помала од таа што ја плати Барселона во 2019 година, односно 120 милиони евра.

Ако потпише со лондонскиот тим, тоа ќе биде прва авантура на Гризман надвор од Шпанија во неговата кариера.

Французинот сезонава одигра 21 меч за Атлетико, а притоа постигна седум голови и три асистенции.

Треба да знаете
Последни објави