И покрај тоа што серијалот „Брзи и бесни“ (Fast & Furious) се приближува до крајот на патот, расправијата помеѓу Двејн Д’ рок Џонсон и Вин Дизел се чини дека е далелу од завршена.
Двете ѕвезди се во јавна кавга од 2016 година кога се судрија на снимањето на „Судбината на бесните“. Оттогаш, двајцата разменуваа коментари еден на друг преку објави на социјалните мрежи и интервјуа.
Некој можеби ќе помисли дека обостраната нетрпеливост станува заморна по неколку години, но имајќи ја предвид објавата на Дизел на Инстаграм и неодамнешното интервју на Џонсон за „Си-ен-ен“, тие очигледно нема да ги подобрат односите во скоро време.
Во интервјуто, 49-годишниот професионален борач познат по прекарот Д’ рок (карпата) а сега познат актер и продуцент, рече дека стапил во контакт со Џонсон во една прилика изминатото лето му рекол на Дизел дека нема шанси да ја повтори својата улога како Лук Хобс во Fast & Furious 10.
Дизел подоцна на својот Инстаграм-профил побара од Џонсон да се приклучи на популарната филмска сага, но Џонсон ова го нарече „пример за манипулација“.
„Бев многу изненаден од неодамнешната објава на Вин. Изминатиов јуни му кажав директно дека нема да се вратам во франшизата. Бев јасен, и реков дека секогаш ќе бидам поддршка на актерската екипа и секогаш ќе се залагам за успешна франшиза, но дека нема шанси да се вратам“, објасни Џонсон.
„Неодамнешната јавна објава на Вин беше пример за неговата манипулација. Не ми се допадна што ги вовлекува своите деца во објавата. Остави ги надвор од ова. Мојата цел цело време беше да го завршам моето патување со оваа неверојатна франшиза со благодарност и грациозност. Жално е што овој јавен дијалог ја замати водата“.
Во објавата на Инстаграм, Дизел го нарече Џонсон „помал брат“ и рече дека неговите деца го нарекуваат Џонсон „вујче Двејн“.