Милијардерот Џеф Безос ја прослави Новата година на луксузна јахта на Карибите со девојката Лорен Санчез и неколку гости.
Меѓу гостите беа нејзиниот поранешен свршеник Тони Гонзалес и нивниот син, како и неговата сопруга – сите на купче – се забавуваа на јахтата.
Основачот на „Амазон“ (57) се огласи на „Инстаграм“ во саботата за да сподели неколку фотографии од Сент Барт, на кои се гледа поранешниот свршеник на Санчез, Тони Гонзалес, и неговата сопруга.
Гонзалес, поранешна НФЛ-ѕвезда, кој беше во врска со Санчез до 2015 година, го донесе и нивниот син. На бродот долг 88 метри беше и младиот брат на Безос, Марк, и други гости.
Оваа весела дружба веднаш се најде на првите страници на светските таблоиди со коментар „модерна фамилија“.