Миле Јовановски, таткото на Боки 13 во интервју за „А1он“ изјави дека се плашел за животот на неговиот син, најмногу кога бил во истражниот затвор.
„Се плашам за мојот син. Најмногу кога беше во истражниот затвор, затоа што имав дојава од близок човек во правосудните органи дека имало, ми цитираше пораки, дека нема да излезе жив од затворот, дека ќе го убијат итн“, кажа Јовановски.