Белгиецот Клеман седна на клупата на Монако

Белгискиот стратег Филип Клеман е нов тренер на францускиот прволигаш Монако како замена за Хрватот Нико Ковач, кому минатата недела му беше врачен отказ.

Клеман (47) освои три едноподруго титули во белгиското првенство, со Гент во 2019, и со Клуб Бриж во 2020 и 2021 година, пред да потпише двеипол годишен договор со моментно шестопласираниот тим во француската лига.

Белгиецот ќе дебитира на клупата на Монако в недела против Нант во рамки на 20 коло во француското првенство.

Треба да знаете
Последни објави