Груевски: Со жалење ја примив веста за прераното и ненадејно заминување на Додовски

Никола Груевски изрази сочувство за смртта на двајца негови сопартијци.

Тој преку социјалните мрежи се прости од поранешниот колега Марјан Додовски, но и од Никола Вељановски, активист на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заминаа двајца пријатели…Со жалење ја примив веста за прераното и ненадејно заминување на мојот поранешен колега Марјан Додовски со кого во владата предводена од Љупчо Георгиевски работевме заедно мноштво проекти а најзапамтен остана проектот за спас на дојранското езеро каде Марјан ја имаше главната улога. Подоцна беше и мој соработник како директор на Еврокомпозити-Прилеп и беше неуморен борец, интелектуалец, пријатен соговорник и патриот. Сочуство до семејството и најблиските. Бог да го прости. Нека почива во мир. Деновиве имаше уште една тажна вест за тоа дека починал и Никола Вељановски, познат како Коле Бикчето, еден од најмаркантните активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, голем патриот и неуморен во сите партиски активности од основањето на партија и секогаш подготвен да биде на браникот на татковината. Никола беше харизматичен и несекојдневен човек чие присуство некаде неможеше а да не биде забележано. Сочуство до семејството и најблиските.
Бог да го прости. Нека почива во мир“, напиша Груевски.

Треба да знаете
Последни објави