Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ
„ВМРО-ДПМНЕ е истата онаа нереформирана, деструктивна партија, која со шпекулации и плашење на граѓаните се обидува да извлече политички поени, да профитира од енергетската криза, исто како што правеше и во текот на глобалната пандемија со коронавирусот.
Она што ВМРО-ДПМНЕ избегнува да го каже е дека во текот на нивното владеење цената на струјата се покачи за 100%, дека инвестициите одеа во лажен барок, палми и жални врби, наместо во енергетски капацитети и тоа во времето кога Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски а потоа и директор на ЕСМ.
ВМРО-ДПМНЕ ширеше страв и паника кај граѓаните дека струјата ќе се покачи за 40 отсто, но Владата предводена од СДСМ, со мобилизација на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија успешно спречи ценовен шок и драстично зголемување на цената на струјата.
Истовремено за граѓаните од ранливите категории обезбедени се 60 милиони денари намалување на нивните сметки за електрична енергија во износ од 600 до 800 денари месечно.
Додека СДСМ бара решенија и се справува со проблемите, ВМРО-ДПМНЕ критикува, опструира, блокира на штета на интересите на граѓаните.