Основачот на корпорацијата Теранос, Елизабет Холмс е обвинета за измама на инвеститори, по повеќемесечно судење во Калифорнија.
Обвинителството ја обвини Холмс дека свесно лажела за технологија која наводно може да открие болести врз основа на анализа на неколку капки крв, пренесува Би-Би-Си.
Поротата ја прогласи Холмс за виновна по четири точки од обвинението, вклучително и заговор со цел измама на инвеститори и по три точки за поврзана измама.
Обвинетата ги негираше обвинувањата на обвинителството, за што е предвидена максимална затворска казна од 20 години.
Таа не е приведена, а датумот на изрекување на пресудата се уште не е потврден, но следното рочиште е закажано за следната недела.
Холмс е обвинета по вкупно 11 точки, а ослободена е по четири точки од обвинението кои се однесуваат на измама на јавноста.
Поделената пресуда следува откако судијата побарал поротата, која расправаше седум дена, да донесе делумна пресуда бидејќи не успеала да се усогласи и да постигне консензус за трите точки од обвинението.
Корпорацијата Теранос во еден момент беше проценета на девет милијарди долари, а таа компанија порано беше популарна во Силиконската долина, бидејќи најави револуционерен напредок во медицинската индустрија.
Меѓутоа, новинарското истражување на Волстрит џурнал во 2015 година покажа дека основната технологија на Теранос за тестирање на крвта не функционира, по што корпорацијата почна да го губи кредибилитетот. г