Четирикратната Грен слем шампионка Наоми Осака проговори за своите цели за сезоната 2022 година.
– Имам само една голема цел за годината, а тоа нема никаква врска со резултатите. Сакам само да излезам на теренот и да се чувствувам како да се забавувам. И по поразите морам да се чувствувам како да се трудев максимално. Имам и цел – никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции. Се надевам дека ќе можам да го направам тоа.
Генерално, премногу се грижев за резултатите, пласманот и слично, и требаше повторно да почнам да уживам во играта. Затоа што затоа почнав да играм тенис. По УС Опен немав план. Не знаев што ќе правам. Мислев дека ќе патувам, но поради Ковид беше опасно, па седнав дома. Имам пријатели во близина на Сан Франциско, па отидов да ги посетам. Откако играм тенис и постојано патувам, никогаш досега не сум имала толку слободно време. Беше кул, истакна Осака.
Јапонската тенисерка поради психички проблеми нема играно уште од Отвореното првенство на САД мината година.