Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски се здоби со скршеница на десната рака во тепачката пред два дена на скијачките патеки во Маврово.
Тепачка на 2 јануари во која учествувале четири лица од Косово и исто толку од Гостивар, настанала кога Косовците преку ред тргнале на жичарницата. Покрај Ѓуровски повредено е едно 18-годишно лице од Косово.
-Добар сум, имам скршеница на десната рака, подлактицата ми е скршена. Успешно бев опериран вчера. Следува пауза од месец ипол или два, за закрепнување. Тоа секако негативно ќе се одрази на мојата сезона. Но, ќе се трудам да се вратам што побрзо и да бидам уште поподготвен кога ќе се вратам. Не би сакал да коментирам поопширно, меѓутоа бевме нападнати, така да кажам, од заседа. Се качувавме по ски-лифтот и тие горе не чекаа со извадени скии, подготвени – изјавил Ѓуроски за Слободен печат..
Стојан Ѓуровски е член на Пелистер кој е лидер на табелата во Првата лига со максимални 12 победи.