Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник го коментираше можното продолжување на договорот со играчот од средниот ред Пол Погба.
Важечкиот договор на францускиот фудбалер со клубот од „Олд трафорд” е до крајот на сезоната 2021/22.
– Пред да зборуваме за потпишување нов договор, тој треба да се врати во форма. Разговаравме кога се врати од Дубаи. Сега сЕ е во негови раце. Не треба јас да го убедувам да остане, изјави Рангник за Би-би-си.
Во тековната сезона, Погба одигра 13 натпревари во сите натпреварувања и забележа седум асистенции.