Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Австралија Опен. Србинот на Инстаграм објави дека лета за Мелбурн.
Според него, тој добил медицинско ослободување од вакцинацијата против коронавирус.
– Среќна Нова година на сите! Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Да гледате, дишете и мислите љубов и да негувате почит кон секој човек и живо суштество на оваа прекрасна планета. Уживав да бидам со моето семејство и драги луѓе, направив пауза од многу долгата и успешна сезона 2021. Сега се селам во Австралија бидејќи добив изземање и подготвен сум да живеам и да дишам тенис во следните неколку недели од натпреварувањето. Ви благодар на сите за поддршката! Одиме…порача Ѓоковиќ на Инстаграм.
Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари и ќе трае до 30 јануари.
Ѓоковиќ е актуелен и деветкратен шампион на Грен слем турнирот кој традиционално се игра во јануари секоја година.