Министерството за здравство информира дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот омикрон на вирусот SARSCoV2.
„Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и од Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти детектирана е oмикрон-варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 % од позитивните примероци“, е наведено во соопштениетот од Министерството за здравство.
Од позитивните пациенти, информираат од таму, сите се од Скопје, освен еден од Кочани.