Дончиќ го доби дуелот со Јокиќ, нов пораз на Нетси

Доцна синоќа во НБА лигата составот на Далас на домашен терен во „Американ Ерлајн Центар“ со 103:89 славеше против Денвер. За Маверикси најефикасен беше Лука Дончиќ со 21 поен, осум скокови и дури 15 асистенции, а на спротивната страна доминираше Никола Јокиќ со 27 поени и 16 скокови.

Во Западната конференција Далас е петтопласиран со учинок 19-18, веднаш пред Денвер на шестата позиција со 18 победи и 17 порази.

Ѕвезда на вечерта во НБА лигата, сепак, беше младиот 22-годишен кошаркар на Портланд, Анферни Симонс, кој постигна 43 поени во победата над Атланта со 136-131 и ја прекина серијата од четири последователни порази на Треилблејзерси. И Тре Јанг имаше феноменална партија во дресот на Атланта запишувајќи 56 поени (14 асистенции) во поразот од Портланд.

Мемфис забележа импресивна победа на гостувањето кај Бруклин 118:104. Тоа беше натпревар во кој Мемфис постојано беше во водство, а Гризлиз до славјето го предводеше незапирливиот Џа Морант со 36 поени. Тој имаше одлична придружба во Дезмонд Бејн, кој постигна 29 поени со 8 скока. Кевин Дурент постигна 26 за Нетс но со слаб удар од игра 8-24.

Голден Стејт го победи Мајами со 115-108 на домашен терен и покрај лошата вечер на Кари кој го заврши мечот со само 9 поени и шут од игра за 3-17, 1-10 за тројка. Џордан Пул ги однесе Вориорси до славје со 32 поени, додека Ендрју Вигинс постигна 22.

НБА лига, резултати –

Филаделфија – Хјустон 133:113
Вашингтон – Шарлот 124:121
Бруклин – Мемфис 104:118
Чикаго – Орландо 102:98
Милвоки – Детроит 106:115
Њу Орлеанс – Јута 104:115
Далас – Денвер 103:89
Голден Стејт – Мајами 115:108
Портланд – Атланта 136:131
ЛА Клиперс – Минесота 104:122

Треба да знаете
Последни објави