Македонската ракометна репрезентација не го одигра вториот контролен натпревар со Израел, што беше закажан за денеска во „Борис Трајковски“, бидејќи во противничкиот табор се појавија три позитивни случаи на Ковид-19.
Денешниот натпревар требаше да биде последна контрола пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Вчера на првата средба ја совладавме оваа репрезентација со 31-28.
Во таборот на нашиот тим ниту еден ракометар не е позитивен на Ковид-19 по денешното тестирање.
Македонските ракометари ќе тренираат во Скопје до 10 јануари, а веќе на 11-ти заминуваат за Дебрецин, Унгарија. Првиот натпревар го играме против Словенија на 13 јануари, два дена подоцна ќе ги одмериме силите со Црна Гора, додека во последниот натпревар од Групата А ќе играме со фаворитот Данска. Пласман во следната фаза од натпреварувањето обезбедуваат првите две репрезентации од групите.