На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, во текот на вчерашниот ден ворамки на засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот.
Како што соопшти МВР, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 27 санкции, 14 мерки за возење под дејство на алкохол и 13 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 57 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќај