Англискиот репрезентативен Трипие е првото големо засилување за Њукасл

Премиерлигашот Њукасл, кој од минатиот октомври е во сопственост на саудиски конзорциум, постигна договор со Атлетико Мадрид за трансфер на десниот бек на англиската репрезентација Киеран Трипие, јавија денеска британските медиуми.

Според истите извори, Њукасл за услугите на 31 – годишниот дефанзивец ќе му плати на Атлетико 14 милиони евра обесштетување, плус бонуси.

Со овој трансфер, Трипие стана првото засилување на Њукасл, откако клубот мина во саудиска сопственост.

Њукасл е претпоследен на табелата во Премиер лигата, два бода под зоната која носи опстанок во англиското превснтво, а по одиграните 19 кола, има само една победа.

Треба да знаете
Последни објави