Во Израел денеска е регистриран најголем број новозаразени со Ковид-19, пред сè поради сојот Омикрон, и покрај рестрикциите за патувања и мерките за изолација, соопшти Владата. Во изминатите 24 часа потврдени се 11.978 случаи, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Претходниот „црн рекорд” беше забележан на 2 септември 2021 со 11.345 новозаболени од сојот Делта. Во Израел 63 проценти од 9,4 милионското население примило две дози, а 43 проценти примиле три дози вакцина против Ковид-19. Во Израел од неодамна е предвидена четврта доза за лицата постари од 60 години и со слаб имунитет.