Денес 05.01. 2022 година (среда) делегација од Македонскиот полициски синдикат предводена од генералниот секретар Кире Трајковски, придружуван од потпретседателот Зоран Кузмановски и помошник генералниот секретар Суза Трајковска во Скопје ,Клиника ”Санте плус” оддел за генекологија и акушерство ,го посети првото новородено бебе на вработена во Министерството за внатрешни работи во Новата 2022 година.
“Искрено упатувам честитка до среќното семејство Ѓоргијевски, мајката Татјана и таткото Тони кои се наши колеги членови на МПС и вработени во МВР, за најубавиот дар од Бога што го добија во новата 2022 година. На малата Атанасија и посакуваме добро здравје, долг живот проследен со многу среќа и радост. Децата се нашата иднина и токму затоа ние како единствен репрезентативен синдикат работевме и во новиот Колективен договор предводовме право да секоја вработена во МВР добие еднократна парична помош за новороденче во висина од 100 евра во денарска противредност.Оттука оваа прилика ја користам да упатам честитки до мајката Татјана за новородената ќерка и воедно да и пренесам дека е првата вработена во МВР која ќе ја искористи приодобивката од новиот колективен договор -;истакна генералниот секретар Кире Трајковски.