Новак Ѓоковиќ пред околу еден час слетал во Мелбурн, но како што информираат медиумите и новинарите од овој град, светскиот рекет број еден „заглавил“ кај граничната полиција и покрај специјалната медицинска дозвола за влез во Австралија.
Австралиската здравствена комисија му даде зелено светло на Србинот и со медицинско ослободување за задолжителна вакцинација го најави неговото пристигнување во Мелбурн, но австралиската држава Викторија сепак прави опструкции и засега не му дозволува на Ноле да влезе во земјата.
Како што информираат новинарите, Новак доставил барање за „погрешна виза“ и граничната полиција не дозволила влез на цел негов тим во земјата, по што одговорните луѓе ја контактирале Владата.
Федралните власти побарале од Владата на Викторија да му ја одобри визата која ја поднел, но бидејќи станува збор за погрешно барање, истата е одбиена.
Новак и неговиот тим сега ќе мора да поднесат ново барање за виза за влез во Австралија, а во моменти кога се „заглавени“ на аеродромот, конечниот одговор ќе треба да го даде Владата на Викторија и истиот ќе треба да биде познат во најскоро можно време.