Протестите кои почнаа во неделата, синоќа и утринава, прераснаа во насилство, што доведе до пад на Владата.
Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите се забележани во градот Алма Ата, а според последните информации стотици луѓе се повредени.
Демонстрантите денеска во текот на денот упаднаа во управната зграда (акимат), при што беше забележано дека полицијата употребила гумени куршуми во обид да ја разбие масата.
Според руската телевизија РЕН ТВ, еден демонстрант е убиен во градот Атирау. Според прелиминарните информации, тој е првата жртва на масовните улични протести во Казахстан.
Демонстрантите се обидуваат да ја заземат зградата на регионалната полициска управа. Полицијата фрла шок-бомби.
„Хорот“ на демонстрантите ја урна статуата на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев. Назарбаев беше на чело на оваа држава во периодот од 1989 до 2019 година. На снимката се гледаат демонстранти како обвиткуваат ленти околу споменикот и се обидуваат да го урнат
Во немирите се повредени повеќе од 100 полицајци и 50 цивили, јавуваат локалните медиуми. Но, бројот на жртвите не е познат, но судејќи по зборовите на претседателот на таа земја, жртви има и меѓу полицијата. Претседателот Токаев не даде повеќе информации за бројот на жртвите.
На социјалните мрежи беа објавени и снимки на кои се гледа како некој пука во војниците, како и војници како извлекуваат ранети колеги од градските раскрсници.
Инаку, претседателот Токаев претходно изјави дека „ќе постапи грубо во ситуацијата со протестите“ и дека нема да го напушти главниот град што и да се случи.
Во центарот на конфликтот во градот Алма Алта веќе неколку часа не работат мобилната телефонија и интернетот, јавуваат руските медиуми.
Демонстрантите денеска упаднаа во редакцијата на РТВ Мир. Целата опрема е уништена, а вработените се евакуирани.
Драматични сцени во текот на денот беа видени на улиците на неколку градови во Казахстан. Демонстрантите во Алма-Ата одзедоа огнено оружје, штитови и палки од полицијата, а во еден момент беше киднапирано и едно противпожарно возило.
Во текот на утрото демонстрантите упаднаа во канцеларијата на градоначалникот, а потоа се обидоа да влезат во резиденцијата на претседателот во градот Алмати, според руската агенција TAS S.
Жестоки судири се случија синоќа, тие продолжија и денеска. Повредени се 190 лица, од кои 137 полицајци. Како што јави ТАСС, во денешните немири се повредени пет работници на Брзата помош.
Откако владата поднесе оставка, а претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, воведе вонредна состојба, демонстрантите во Алмати денеска продолжија да се судираат со полицијата која почна да користи специјални средства, солзавец и шок-бомби.
Протестите започнаа во неделата во провинцијата Мангистау, која произведува нафта во западен Казахстан, по укинувањето на прописите со кои се ограничи цената на течниот нафтен гас, популарно гориво за автомобилите, по што цената на горивото се зголеми за повеќе од 100 отсто.