Соопштение до јавност, реакција на прес конференцијата на Марија Георгиевска
„Прва мерка на Ковачевски е покачена струја и парно за граѓаните.
Ковачевски ја покачи струјата за 15%, со тоа граѓаните кои плаќале сметка од 3.000 денари, од месецов ќе плаќаат 450 денари повеќе.
Втора мерка на Ковачевски е покачената цена на парното.
Само за два месеци владата потроши 86 милиони евра за купување на скапа струја.
Власта не копаше јаглен во екот на летото, и се остави без јаглен во сред грејна сезона. Тоа беше причина да немаме доволно струја и да се потрошат 86 милиони за купување на скапа струја за само два месеци.
На Македонија со СДСМ и се случи целосно енергетско фијаско. Затоа СДСМ треба час поскоро да си замине.“