Министерството за здравство ја информира јавноста дека од страна на ПЗУ Синлаб до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурон, (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26 годишен пациент од општина Зајас.
Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид 19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во РСМ.
Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.