Трипуновски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Пелагонија преку пратеници иницираат забрана на увоз на тутун со цел на тутунарите да им се помогне

„Вчерашниот состанок е резултат на повеќе состаноци кои што се одржаа на ниво на локалната самоуправа во изминатиов период, само за потсетување градоначалниците уште пред новогодишните празници имаа иницијатива за кревање на темата, односно афирмирање на проблемите кои што ги имаат тутунарите и оваа производствена сезона, односно откупна сезона. Само за потсетување минатата година или пред новогодишните празници се одржаа состаноци со земјоделските здруженија од страна на градоначалниците каде што лично се запознаа со текот и проблемите кои што ги има во откупот на тутунот”, појасни Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на Алфа телевизија.

Трипуновски додаде дека и оваа година се уште има проблеми при откупот на тутунот. Ова е една од најголемите земјоделски гранки и опфаќа околу 30.000 семејства во Република Македонија, односно околу 120.000 сограѓани кои што егзистираат од оваа гранка. И оваа откупна сезона исто така има проблеми во делот на проценката односно постигнатата просечна цена.

„Ова што вчера се одржа од страна на иницијативата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците тука сакам да потенцирам дека на вчерашната средба беа поканети и градоначалниците од СДСМ и пратениците кои што егзистираат на територијата на Пелагонија се со цел заеднички на заедничка маса без да се меша премногу политика во земјоделството да се излезе во пресрет на оваа категорија земјоделци и да им се помогне во откупот. Зашто се донесе ваков заклучок? Видете, во 2019-тата година се направи измена во законот за тутун каде што се дозволи увоз на тутун во Република Македонија. Тука сакам да појаснам, се работи за увоз на тутун кој што се произведува исто како оној што е во Република Македонија. Значи ориентален тутун кој што е главна производствена гранка во Република Македонија. И со тоа се загрозува и домашното производство. Затоа со оваа измена која што ја бараме сега односно преку пратениците ќе биде повторно поднесена во парламентот, сакаме да се забрани се со цел да се заштити домашното производство”, истакна Трипуновски.

Трипуновски посочи дека власта минатата година иако аргументирано ВМРО-ДПМНЕ напаѓаше и кажуваше дека се увезуваат сериозни количини на тутун од соседните држави негираше. Меѓутоа ланската година беше катастрофа, и оваа година исто така е лоша.

„Она што градоначалниците го иницираат преку пратениците во измената на законот која што ќе се поднесе во Парламентот исто така ќе се бара сите оние тутунари кои што во текот на откупната сезона имале приговори до второстепената комисија да не бидат санкционирани од страна на откупните компании затоа што знаете тој што ќе се побуни наредната година ќе нема да му склучуваат договори, ќе биде уценуван итн. Така да ова вчера што се одржа на иницијатива на градоначалниците уште еднашка ќе кажам жалам што не се одважија градоначалниците од СДСМ и пратениците заедно на иста маса да се седне и да се разговара за проблемот кој што го имаат тутунарите во Република Македонија”, рече Трипуновски.

Трипуновски укажа дека истиот закон минатата година воопшто не дојде на дневен ред во Парламентот, оваа година преку сите демократски процедури и можности преку пратениците ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира да биде ставен на дневен ред.

Треба да знаете
Последни објави