Продолжува драмата за влезот на Новак Ѓоковиќ во Австралија.
Во моментот кога тој е на аеродромот во Мелбурн и кога е спорно неговото добивањето виза, Ѓоковиќ доби поддршка од американскиот тенисер Тенис Сандгрен.
Сандгрен реагираше на текстот на „Тајмс“ дека светскиот рекет број еден не смее да влезе во таа земја.
– Само за сето ова да биде јасно. Два медицински одбора му дозволија на Новак влез, но политичарите стопираат се. Австралија не заслужува да биде организатор на Грен слем – напиша американската тенисерка на Твитер.
Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари, а се уште не се знае дали Ѓоковиќ ќе може да ја одбрани титулата.