Бориславова: Софија е спремна да пружи рака за конструктивен дијалог со Скопје

Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова по владината седница информираше дека Бугарија е спремна да пружи рака за започнување на конструктивен дијалог со Република Севена Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.

Бориславова увери дека бугарската позиција ќе продолжи добро да се брани и аргументира, а постојната рамка ќе се надградува со формирање на пет работни групи кои ќе разговараат на конкретни теми.

Таа посочи и дека подготовката и организацијата на овој процес е причина за посетата на Скопје на советничката за надворешна политика на премиерот Петков, Весела Чернева на 2 јануари.

Бугарската Влада денеска на редовната седница разреши девет регионални управители.

Треба да знаете
Последни објави