Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска беше пуштен од болница, пред која веднаш се обрати пред новинарите.
Болсонаро два дена бил во болницата во Сао Паоло поради интестинална опструкција, поради што го прекинал одморот.
Неговиот лекарски тим вчера соопшти дека нема потреба од операција, наведувајќи дека проблемот е саниран.
Болсонаро (66) беше опериран четири пати откако беше прободен со нож во стомакот за време на изборната кампања во 2018 година.