Дожд и пад на температурите за време на продолжениот празничен викенд

Метеоролозите најавуваат дожд за време на претстојниот продолжен викенд. Промената на времето се очекува од петок, кога православните христијани го празнуваат Божик.

„Од петок  следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури значително ќе опаднат“, јавува УХМР.

Инаку, утре во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во попладневните и вечерните часови постепено ќе се зголемува. По одделни котлини се’ уште ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Треба да знаете
Последни објави