Канје Вест поминува повеќе време со порториканската пејачка текстописец Одри Никс во Мајами, само неколку дена по појавувањето на шпекулациите за наводна романса откога беа забележани на балкон во хотел првиот ден од новата година.
Се чини дека врската на 44-годишниот рапер и 27-годишната музичарка не е само шпекулација, коментираат таблоидите, откако тие заедно пристигнаа на имотот на Канје во понеделникот попладнето.
За нивната лежерна прошетка, наградуваниот хип-хоп пејач носи широк црн дуксер со логото на Светската програма за храна, фармерки, ракавици и чизми.
Таблоидите потсетуваат дека неговата отуѓена сопруга Ким Кардашјан е на одмор на Бахамите со новото моче Пит Дејвидсон.